Award Winners for 2017

Награда за студентско достигнување за 2017 година

————————————————————-

М-р Христина Чингоска e добитник на Наградата за студентско достигнување на Одделот за телекомуникации на РМ за 2017 година. Таа има завршено постдипломски студии на студиската програма „Безжични и мобилни комуникации“ при ФЕИТ во Скопје (ментор: проф. Зоран Хаџи-Велков).

Наградата на м-р Христина Чингоска и се доделува заради поголемиот број објавени трудови во IEEE списанија со impact factor како и на престижни IEEE конференции во текот на нејзините постдипломски студии.

Наградата е воспоставена во 2012 година, и се доделува еднаш годишно на студент запишан на магистерски студии по телекомуникации и комуникациски технологии на универзитет во Република Македонија. За добитник на Наградата се избира кандидат кој постигнал одлични резултати при спроведени истражувања во областа на телекомуникациите во претходната или тековната година.

Наградата се состои од Сертификат и паричен надоместок.

 

 

2017 Student Achievement Award of the Macedonia ComSoc Chapter

————————————————————————–

MSc Hristina Chingoska is the recipient of the 2016 Student Achievement Award. She is a gradute at the Faculty of Electrical Engineering and Information Technologies, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje from the study program “Wireless and Mobile Communications” and supervised by Prof. Zoran Hadzi-Velkov.

MSc Hristina Chingoska receives the award for the high number of published papers in IEEE journals with impact factor and proceedings in prestigious IEEE conferences throughout her Master studies.

 
 

Награда “Никола Тесла” за најдобра практична дипломска работа од областа телекомуникации за 2017 година

————————————————————-

Давор Тодоровски e добитник на Наградата “Никола Тесла” за најдобра практична дипломска работа од областа телекомуникации за 2017 година. Тој е дипломец на студиската програма „Телекомуникации и информациско инженерство“ при ФЕИТ во Скопје (ментор: проф. Лилјана Гавриловска).

Наградата му се доделува заради практично изработен тестбед на софтверски дефинирана мрежа и се состои од Сертификат и паричен надоместок.

 
 

2017 ComSoc Macedonia Best Practical Diploma Thesis “Nikola Tesla”

————————————————————————–

Davor Todorovski is the recipient of the 2017 ComSoc Macedonia Best Practical Diploma Thesis “Nikola Tesla”. He graduated in “Telecommunications and Information Engineering” at the Faculty of Electrical Engineering and Information Technologies, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, under the supervision of prof. Liljana Gavrilovska.

Davor Todorovski received the award for the practical development of a software defined network.