2018 EMEA CHAPTER ACHIEVEMENT AWARD FOR REPUBLIC OF MACEDONIA CHAPTER

Добредојдовте на официјалната веб страница на Одделот за телекомуникации на Република Македонија – ComSoc Macedonia

Одделот за телекомуникации на РМ (ComSoc Macedonia) претставува национален огранок на IEEE Communications Society во РМ, и функциноира во рамките на македонската ИЕЕЕ секција. Од неговото формирање до денес, ComSoc Macedonia континуирано го поттикнува развојот на телекомуникациите и информациско-комуникациските технологии (ИКТ) во Република Македонија.

ComSoc_Macedonia_large

 

Активности на ComSoc Macedonia

Активностите на Одделот вклучуваат одржување на предавања, организација и поддршка на работилници и семинари во областа на телекомуникациите, како и социјални функции за одржување контакти и развој на членството. На своите членови, ComSoc Macedonia им нуди исклучителни можности за „вмрежување“ и соработка на локално и регионално ниво – со што се поддржува нивниот професионален развој и градење кариера во телекомуникациите и информациско-комуникациските технологии (ИКТ). Вообичаено, активностите на одделот имаат техничка природа, но, во многу прилики, одделот бил домаќин и на други активности, како на пример образовни работилници и семинари.

Претседател на Одделот за телекомуникации во мандатниот период 2016-2017 година е вон. проф. д-р Владимир Атанасовски.

Најголем дел од активностите на ComSoc Macedonia се координирани и тесно поврзани со активностите на Институтот за телекомуникации при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје.

 

Членови на ComSoc Macedonia

Традиционално, членови на ComSoc Macedonia се тековни студенти или дипломирани електроинженери на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје. Најголемиот дел од нив се електроинженери по телекомуникации и ИКТ, односно професионалци во телекомуникацискиот (академски и индустриски) сектор во Република Македонија. Освен тоа, како членови на ComSoc Macedonia често се јавуваат и електроинженери со други специјалности, на пример, компјутерска техника, автоматика, компјутерско инженерство, итн.

 

Табела: Состојба со членството
Број на членови

на IEEE Communications Society од Р. Македонија

2015 година 2014 година 2013 година 2012 година
Senior Member 11 11 11 4
Member 25 25 20 15
Graduate Student Member 15 15 22 11
Student Member 22 6 6 4
Вкупно 73 57 59 34

 

 

Придобивки за членовите на ComSoc Macedonia

Една од најважните можности кои ги нуди Одделот за телекомуникации е формирање на лидери, кои се неопходни за одржување на виталноста  на најголемата светска професионална организација IEEE. Во многу случаи, волонтерите во локалните Оддели на IEEE се претставници и во различни други организации во локалната средина (пр. наставно-научните совети на факултетите,  студентските организации), како и во државните и владините институции. Дополнители информации за придобивките од членството во ComSoc може да се најдат тука.

Во членарина автоматски е вклучена месечна претплата за три списанија: IEEE Spectrum, IEEE Potentials и IEEE Communications Magazine. Списанието IEEE Spectrum ги презентира најновите достигнувања во електротехника и ИКТ. Списанието IEEE Potentials е наменето за студенти и млади професионалци, и ги презентира можностите за градење кариера, најновите истражувања и технолошки достигнувања во електротехниката и ИКТ, врската меѓу теоријата и праксата, како и форум за размена на идеи меѓу студентите на глобално ниво.

Списанието IEEE Communications Magazine ги презентира најновите светски достигнувања во телекомуникациите. Бесплатен примерок од списанието може да се превземе тука.

Бесплатни тематски предавата за најновите телекомуникациски технологии може да се најдат тука.

 

Редовни членови (IEEE Member и IEEE Senior Member): Годишната членарина за 2016 година за редовнo членство во IEEE и IEEE Communications Society за Македонија изнесува 104 УСД.

Студенти (IEEE Student Member): Годишната членарина за студентско членство во IEEE и IEEE Communications Society за Македонија изнесува 42 УСД. Можна е и полу-годишна членарина.

 

СТАНИ ЧЛЕН НА IЕЕЕ, IEEE Communications Society и COMSOC MACEDONIA

 

Кус опис на IЕЕЕ

IЕЕЕ е најголемата светска техничка професионална организација, која е посветена на напредокот на технолошките иновации за развиток на човечката цивилизација. Основата во 1884 година од неколкумина електроинженери, денес IЕЕЕ е сочинета од преку 400.000 членови од 160 држави. Денес, членовите на IЕЕЕ го создаваат револуционерниот напредок во електротехниката и инженерството, со што придонесуваат за светскиот прогрес.

 

Кус опис на IEEE Communications Society

IEEE Communications Society ги опфаќа сите аспекти од напредокот на науката, инженерството, технологијата и апликациите за пренос на информацијата меѓу оддалечени локации со употреба на сигнали. Ова вклучува: извори и дестинации сочинети од различни видови на терминали; компјутери и процесори на информација; сите релевантни системи и операции кои го овозможуваат овој трансфер; насочени и не-насочени преносни медиуми; комутирани и не-комутирани мрежи; и мрежни протоколи, архитектури и имплементации.

IEEE Communications Society денес има преку 50.000 членови од цел свет, и е меѓународно препознатлив по своите исклучителни научни конференции, водечки технички публикации и списанија, образовни програми од светска класа, како и по глобалната мрежа на технички професионалци и стандардизациски проекти. Промотивно HD видео за одбечежување на 50.000 ComSoc членови тука.

Во 2012 година, IEEE Communications Society одбележа 60 години од своето постоење. Информација за исклучителниот напредок на ова професионално друштво од неговото формирање до денес може да се добие тука.