Награда за студентско достигнување за 2016 година
————————————————————-
Александар Ичков e добитник на Наградата за студентско достигнување на Одделот за телекомуникации на РМ за 2016 година. Тој е магистрант на студиската програма „Безжични и мобилни комуникации“ при ФЕИТ во Скопје (ментор: проф. Лилјана Гавриловска).
Наградата на Александар Ичков му се доделува за следниве достигнувања во неговите научни истражувања во тековната година:
- Ко-авторство на 2 трудови објавени во списаниja со импакт фактор од 0.701 (Springer Wireless Personal Communications) и 1.538 (Springer Mobile Networks and Applications)
- Ко-авторство на поглавје од книга
- Ко-авторство на 3 трудови објавени на конференции поддржани од IEEE (CCNC, DySPAN и BlackSeaCom)
Наградата е воспоставена во 2012 година, и се доделува еднаш годишно на студент запишан на магистерски студии по телекомуникации и комуникациски технологии на универзитет во Република Македонија. За добитник на Наградата се избира кандидат кој постигнал одлични резултати при спроведени истражувања во областа на телекомуникациите во претходната или тековната година.
Наградата се состои од Сертификат и паричен надоместок.
2016 Student Achievement Award of the Macedonia ComSoc Chapter
————————————————————————–
Aleksandar Ichkov is the recipient of the 2016 Student Achievement Award.
Aleksandar Ichkov is a Master of Science student at the Faculty of Electrical Engineering and Information Technologies, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje. He is enrolled with the study program “Wireless and Mobile Communications” and supervised by Prof. Liljana Gavrilovska. He receives the award for the following research achievements during this year:
- Co-author of 2 papers published in journals with an impact factor of 0.701 (Springer Wireless Personal Communications) and 1.538 (Springer Mobile Networks and Applications)
- Co-author of a book chapter
- Co-author of 3 papers published in conferences supported by IEEE (CCNC, DySPAN и BlackSeaCom)
Награда “Никола Тесла” за најдобра практична дипломска работа од областа телекомуникации за 2016 година
————————————————————-
Дена Маркудова e добитник на Наградата “Никола Тесла” за најдобра практична дипломска работа од областа телекомуникации за 2016 година. Таа е дипломец на студиската програма „Телекомуникации и информациско инженерство“ при ФЕИТ во Скопје (ментор: вон. проф. Перо Латкоски).
Наградата и се доделува на Дена Маркудова за практично изработена антена за ISM подрачјето од 2.4GHz. Антената е тестирана во Лабораторијата за телекомуникации при ФЕИТ – Скопје.
Наградата се состои од Сертификат и паричен надоместок.
2016 ComSoc Macedonia Best Practical Diploma Thesis “Nikola Tesla”
————————————————————————–
Dena Markudova is the recipient of the 2016 ComSoc Macedonia Best Practical Diploma Thesis “Nikola Tesla”. She graduated in “Telecommunications and Information Engineering” at the Faculty of Electrical Engineering and Information Technologies, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, under the supervision of assoc. prof. Pero Latkoski.
Dena Markudova received the award for the design and manufacturing of a 2.4GHz ISM band antenna. The antenna was tested in the Laboratory for Telecommunications at the Faculty of Electrical Engineering and Information Technologies, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje.