Наградата за студентско достигнување на Одделот за телекомуникации на Република Македонија за 2014 година

————————————————————-

M-р Марко Анѓеличиновски e добитник на Наградата за студентско достигнување на Одделот за телекомуникации на Република Македонија за 2014 година. Toj магистрирал на студиската програма од 2 циклус „Безжични и мобилни комуникации“ на ФЕИТ во Скопје.

 

Наградата на м-р Марко Анѓеличиноски му се доделува за следниве достигнувања:

1. Одбранета магистерска работа на ФЕИТ Скопје во текот на 2014 година, под менторство на проф. Лилјана Гавриловска. Во магистерската работа е изложен иновативен теоретски придонес во областа на локализација на предаватели, со користење на комплексен математички апарат (статистичко процесирање на сигнали и линеарна алгебра).

2. Објавен труд во IEEE Communications Letters и IEEE Communications Surveys and Tutorials, како дел од магистерската работа.

3. Објавен труд на конференцијата ЕТАИ 2013 (конференцијата е ко-спонзорирана од Одделот за телекомуникации).

 

Наградата е воспоставена во 2012 година, и се доделува еднаш годишно на студент запишан на додипломски или магистерски студии по телекомуникации и комуникациски технологии на универзитет во Република Македонија. За добитник на Наградата се избира кандидат кој постигнал одлични резултати при спроведени истражувања во областа на телекомуникациите во претходната или тековната година.

Церемонијата за доделување на Наградата се одржа во просториите на Институтот за телекомуникации при ФЕИТ во Скопје на 16 октомври 2014 година.  Наградата се состои од сертификат и паричен надоместок. Подолу се дадени слики од церемонијата на доделување на Наградата.

Pic 1

 

Pic 2

 

seretifikat