На 12.09.2016 во просториите на ФЕИТ – Скопје се одржа четвртата годишна работилница на Center for TeleInFrastruktur – South Eastern Europe (CTIF-SEE). CTIF-SEE e организација на универзитети од Данска, Хрватска, Црна Гора, Бугарија, Романија, Македонија и Грција кои соработуваат на полето на телекомуникациите и информациското инженерство. Досегашните работилници беа одржани во Софија, Букурешт и Будва. IEEE ComSoc Македонија технички ја поддржа работилницата на која беа презентирани трудови од моменталната истражувачка работа на Техничкиот универзитет во Букурешт, Техничкиот универзитет во Софија, Атинскиот институт за технологија и WiNGroup од ФЕИТ/УКИМ. Традиционалнo, трудовите од секоја годишна CTIF-SEE работилница се печатат во специјално издание на Springer Wireless Personal Communications, престижно списание со импакт фактор. CTIF-SEE функционира 5 години и партнерите веќе соработуваат на голем европски проект eWALL од FP7 програмата со вредност од 10 милиони евра како резултат на иницијативите кои се превземаат внатре во рамките на самата организација. Годишните работилници се извонредна можност за размена на идеи и подготовка на апликации за нови проекти.

14237664_1097142077031439_1411974279877362563_n

14352062_1097142010364779_4899335736179402086_o