Lecture abstract (in Macedonian):
Денес, мобилните целуларни мрежи, жичните телекомуникациски мрежи и Интернетот се одговорни за 3 проценти од вкупната потрошувачка на електрична енергија во светот. Во наредниот период овој процент драматично ќе се зголеми, пред се поради очекуваната експлозија на безжичен податочен сообраќај преку паметните телефони и таблет компјутери. Затоа, енергетската ефикасност е важен дел од новите истражувања во безжичните телекомуникации, која најчесто се опишува преку бројот на испратени бити по единица потрошена енергија (bits/Joule).Конкретните истражувања се спроведени при научниот престој на предавачот на Универзитетот во Ерланген-Нирнберг, Германија, подржан со Хумболтова стипендија за искусни истражувачи. Добиените фундаментално-теоретски резултати се однесуваат на точка-точка и релејни ТК системи, кои се напојувани со енергетски извори способни да вршат “жетва на енергија” од околината (анг. energy harvesting). Бидејќи “жетвата на енергија” и параметрите на безжичниот преносен канал меѓу предавателот и приемникот се случајни процеси, исклучително е важно да се определи соодветна распределба на моќноста во јазлите на ТК системот во функција од овие два случајни процеси, со што ќе се максимира (или минимизира) некој важен излезен параметар во системот (на пр., ергодичен капацитет, веројатност за испад или однос сигнал-шум). Во анализите е дојдено до асимптотски оптималното решение кое едноставно вели дека таа алокација во систем со “жетвата на енергија” се совпаѓа со оптималната алокација на моќност во стандарден ТК систем. Решението е важно бидејќи се однесува на произволен ТК систем чиј извор врши “жетва на енергија”, алокацијата на моќност може да се врши во реално време, и таа алокацијата зависи само од расположливата енергија во моментот на праќање на информацијата и од моментната состојба на фединг каналот. Истражуван е и дуалниот проблем – минимизација на потрошената моќност во изворот при ограничена вредност на даден излезен параметар во ТК системот. Во случај на типичен релеен систем со 3 јазли кои комуницираат со фиксна податочна брзина, определена е оптималната стратегијата за контрола на моќност во релето. Притоа, неговата излезна моќност се нагодува на минимално можната вредност со која се избегнуваат испади во системот, при што понекогаш релето дури треба и да се воздржи од праќање, со цел да се заштеди енергија и да се продолжи неговиот животен век.

When:
Date: 15-May-2013
Time: 12:00PM to 02:00PM (2.00 hours)
All times are: Europe/Skopje

Where:
Building: Faculty of Electrical Engineering and Informaton Technologies

FEIT Conference Room
ul. Rugjer Boskovik b.b.
Skopje, Macedonia
Macedonia 1000

Speaker

Zoran Hadzi-Velkov

Email: zoranhv@feit.ukim.edu.mk

Address:Skopje, Macedonia